Уште еден сончев ден со речиси пролетни температури во Охрид. Точка на прекрасниот ден стави природата која го разубави небото над градот на кое на зајдисонце се прелеваа нијанси на портокалова боја.


Портокалово небо над Охрид

Сончево и потопло време, со температури над просекот за овој период од годинава и со мала локална облачност, ќе преовладува и во среда. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Максималната дневна температура во Охрид ќе достигне до 18 степени Целзиусови, информираат од УХМР.

Г.М.