Во трката на пет километри во женска конкуренција најбрза беше Романката Андреа Арсине, додека најуспешна македонска натпреварувачка беше шалтерскиот работник од Битола, Тања Велјаноска.
-Конкуренцијата беше силна, така што сум задоволна од постигнатиот резултат, изјави Велјаноска. Таа вели дека поштарите се познати по тоа што брзо ја извршуваат работа, а ваквите натпревари им помагаат да ја одржат формата.
Мажите се натпреваруваа на двојно подолга патека, а најбрз беше поштарот од Албанија Гемси Луиџи. Најбрз Македонец во трката на 10 километри беше Трајче Михов.
Балканското првенство во брзо одење за поштенските работници се одржувса секоја година, а Македонија е домаќин на натреварите втор пат, истакна директорот на Македонски пошти Ејуп Рустеми.
-Овие натпревари се корисни затоа што покрај натпреварувањето учесниците имаат можност за дружење и размена на искуства, што е поважно од самите резултати, изјави Рустеми.