На средината од првиот дел хрватскиот интернациналец Јосип Кежиќ ја замолкна спортската арена „Билјанини Извори“, откако падна како покосен после дуелот со Илија Абутовиќ. Средниот бек на Охрид поради сериозноста на повредата не го продолжи натпреварот, а во охридската соблекувалната интервенираше Брзата помош.


– Добро сум. Не беше толку сериозен ударот во пределот на долната вилица, колку што беше незгоден. Имав вртоглавица, но после примената инекција ми се стабилизираше состојбата. Најверојатно ќе немам некој последици и ќе бидам подговен за предизивиците кои не пресотојат. – рече за Ohrid News, Кежиќ.


Во соблекувалната Хрватот го посети поранешниот играч на Охрид, Малик Хогас кој беше дел од двеилјадната публика во „Билјанини Извори“.

Победнички марш на „црвено црните“ во Охрид

OhridNews