Православните христијани денеска го одбележуваат Велики Петок, денот кога спасителот Исус Христос бил мачен и распнат на крст. На овој ден нема богослужби во црквите, но верниците ги посетуваат храмовите и се протнуваат под плаштеницата која симболично го означува одарот на Исус Христос. При тоа носат црвени јајца, цвеќе и оставаат дарови во црквата.

Се верува дека денеска е најтажниот ден за христијанството, по што утре вечер на полноќ ќе биде објавена радосната вест за Воскресението Христово. Воскресна богослужба ќе има во сите градски цркви со почеток во 23.30 ч. Митрополитот г. Тимотеј ќе богослужи во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“ – Плаошник.


OhridNews