Бројните гости кои во Охрид ги минуваат првомајските празници едвај чекаа да престане поројниот дожд, за попладнево да го исполнат централното градско подрачје и стариот дел од градот.

Поради променливото време изостана традиционалната скара во природа, но затоа полн беше градскиот кеј, чаршијата, парковите, рестораните и кафулињата.

Вниманието на минувачите на градскиот кеј го привлекуваа и парот лебеди со својот подмладок кои беа постојано фотографирани од страна на гостите.

OhridNews