Денот на Сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј, традиционално беше одбележан во населбата во Кошишта. На свеченоста што ја организираше месната заедница Кошишта, во домот Св.Кирил и Методиј, присуствуваа голем број граѓани.
Свеченоста, според народниот обичај, започна со осветување на празничниот леб, а продолжи со културно уметничка програма.
На овој простор во минатото постоела црква која го носела името на овие светци. Постоела и школа во која учителствувал познатиот охридски војвода Христо Узунов. Денес овој простор го разубавуваат младите фолклористи на КУД “Ѓердан” кои ја негуваат македонската музичка традиција.