Во пресрет на празникот Богојавление – Водици, кога традиционално во осветените езерски води се фрла чесниот крст, членовите на нуркачкиот центар Амфора и Клубот за подводни активности Охрид од Охрид, го исчистија дното на Охридското Езеро кај градското пристаниште.

Во денешната акција од езерското дно беше изввадена поголема количина најразличен цврст отпад, кој соодветно е депониран.

OhridNews