Познатиот нуркач од Охрид Никола Паскали направи прекрасни подводни фотографии од Охридското Езеро, во рамки на меѓународниот конкурс „Ohrid Lake Heretige“. На нив е прикажан живиот свет во езерото, како и потонати пловни објекти и подводни панорами од кои застанува здивот.

Никола Паскали е меѓународно сертифициран подводен археолог кој професионално е ангажиран во нуркачкиот едукативен центар „Акватек“. Инаку Никола е дипломиран археолог и надворешен соработник во Охридскиот Завод и Музеј, чија пасија е спелеонуркањето.


Прекрасниот подводен свет на Охридското Езеро

OhridNews
фото Никола Паскали