Премиерно изведена театарската претставата „Чернодрински се враќа дома“ по повод 10 години од постоењето на Независна Аматерска Театарска Група „Аматер“.

На малата сцена при НУЦК „Григор Прличев“ Охрид публиката уживаше во изведбата на актерската екипа во состав Томе Укоски, Леа Новеска-Цекиќ, Димитар Назифоски, Јован Цветкоски, Илија Трале Левески, Глигор Велјаноски и Ема Алекс, а под режисерската палка на Јован Цветкоски, за да на крајот го добијат и заслужениот аплауз.

Многу актерска игра, движење, промена на костимографија и сценографија дополнително го задржаа интересот кај публиката. За музичкиот дел во претставата беа задолжени Јане Тодороски, Христијан Томевски, Никола Јосифоски и Арбен Бајрам.

Од Независна Аматерска Театарска Група „Аматер“ најавија дека ова нема да биде единствената изведба на претставата, туку имаат тенденција да истата има уште неколку изведби како во Охрид, така и во други градови во државава.

OhridNews