Охридските ракометни пионери запишаа нови бодови на табелата победувајќи го составот на Преспа-Вардар со високи 32-19 (15-10).


Избраниците на Наум Бабачев со триумфот над ресенските ракометари се израмнија на врвот од табелата со Јуниор Ивни од Струга.


Гостите сила за надигрување со охридските пионери во „Билјанини Извори“ имаа само во првиот дел кој го изгубија со (15-10).


Во второто полувреме домашните ракометари уфрлија брзина погоре и стигнаа до убедлива победа изразена со 13 погодоци разлика (32-19).


Мартин Иваноски со десет голови беше најефикасен во охридскиот состав, Наум Костов постигна седум, еден помалку реализираше Намик Осман, а пет пати прецизен беше Николче Ристески.

Мх.П.