Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов ја прими македонската ракометна експедиција пред да замине за Шпанија каде од 11 од 27 јануари ќе настапува на мундијалот.


На репрезентативците Иванов им посака голема среќа, желба и волја како онаа што ја имаа во Србија и да се вратат со медал од Светското првенство.


– Медалот за заслугите што го добивте лани, нека ви биде поттик за уште поголем успех на Светското првенство во Шпанија. На “пиринеите“ можеби ќе ја немате онаа поддршка која ја имавте во Србија, но да знаете тука сме сите со вас – истакна претседателот на државата, Иванов.

Македонската репрезентација првиот натпревар на мундијалот го игра в сабота против Чиле со почеток во 15:45 минути.

Мх.П.