Пријатното и сончево зимско попладне, овие денови ги намами охридските спортски риболовци да се релаксираат покрај езерото.

Охридските рибари и оние вљубеници во овој рекреативен спорт кои престојуваат на ривиерата, велат дека за разлика од порано, кај каналот „Студенчишта“ во овој период од годината најмногу „гризе“ грунец и мали примероци клен.

О.Т.