Во понеделник треба да заврши новогодишното украсување во Охрид. Градскиот плоштад и охирдската чаршија се целосно украсени со светлечки реквизити, а од пред два дена на плоштадот е поставена новогодишна елка во златна боја.
Вчера, екипите на Секторот за комунален развој при општина Охрид, работеа на поставување светлечки реквизити на крстосницата кај „Охридска банка“.
За викендов, екипите од локалната самоуправа ќе работат на украсување на периферните улици во градот.
Инаку, оваа година украсувањето на Охрид е збогатено со нови новогодишни реквизити.
OhridNews