Втора ноќ снег паѓа во Охрид. Снежната покривка која надмина 20 сантиметри им задава големи проблеми на граѓаните. Сепак иако животот се одвива отежнато, охриѓани уживаат во зимата и во вечерни прошетките по снегот. Според најавите на метеоролозите, снег, но со  помал интензитет ќе врне и во наредните денови. Во текот на денешниот ден ќе дува умерен ветер од југоисточен правец што ќе придонесе за благо покачување на температурите.


Охриѓани уживаат во вечерни прошетки по снегот

Горан Момироски