Со пригодната свеченост што се одржа вечерва, во употреба беше пуштено современо и целосно реконструирано спортско игралиште на булевар „Туристичка“, во станбениот комплекс на влезот во Охрид, наспроти бензинските станици.

Фото: А. Момироска

На свеченоста присуствуваше градоначалникот Кирил Пецаков кој истакна дека спортската инфраструктура е основа за градење на здрава заедница.

Без соодветни спортски терени, нема услови за развој на спортскиот потенцијал кај младите. Секој нов квадратен метар од спортска површина, не носи чекор поблиску до здрави генерации. Колку повеќе вложуваме во спортските капацитети, толку повеќе вложуваме во спортската иднина на нашите деца. Ова игралиште под отворено небо, ќе биде место каде што децата ќе учат на победа и пораз, дисциплина и пријателство. Ова ќе биде простор каде што ќе се градат нови спортски соништа, рече на свеченоста градоначалникот Пецаков.

Тој изрази благодарност до компанијата „Моцарт“, која ги озбезбеди средаствата за реконструкција на спортското игралиште на булевар „Туристичка“ што ќе го носи името на познатиот охридски фудбалер со интернационална кариера и поранешен репрезентативец, Гоце Толески.

Општина Охрид ќе продолжи и понатаму да дава голема поддршка на спортот, спортските клубови и новите спортски надежи, со една единствена цел, Охрид да биде град кој ќе слави големи спортски успеси и ќе се гордее со врвни спортски имиња, додаде Пецаков.

Подновеното спортско игралиште го сефтосаа членови на фудбалските школи Евро фудбал и Некст левел кои имаа можност да се дружат со прославениот фудбалски ас Гоце Толески.

Фото галерија:

Пуштено во употреба новото спортско игралиште на „Туристичка“

OhridNews
Фото: А. Момироска