Охридското Езеро и раскошната природа не престануваат да пленат со својата убавина. Во пролет, пак, кога се буди природата, таа е уште поизразена.

Живописната крајезерска населба Трпејца прекрасно е вклопена во амбиентот кој го надополнуваат драматичниот пад на Галичица од една страна и длабокото синило на Охридското Езеро од друга страна. Речиси нестварно.

Професионалниот фотограф Емил Јовановиќ, деновиве „улови“ дел од убавините околу Трпејца од птичја перспектива. Уживајте во фотографиите кои едноставно го одземаат здивот.

Рајот на земјата е околу нас

Г.М.
Фото: Емил Јовановиќ