Општинските средни училишта во Охрид денеска ги објавија првичните резултати од првиот уписен рок за учебната 2026/2027 година. Најголем е интересот за стручните средни училишта, додека нешто помал интерес има за гимназија.

Најмногу ученици во првиот уписен рок се запишани во стручното училиште со дуално образование ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ – 186. Од нив најголем интерс имале за струката „Електротехничар за компјутерска техника и автоматика“ – 36.

Ранг листа ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“:

Електротехничар енергетичар – 17
Електротехничар за електроника и телекомуникаци – 20
Електротехничар за компјутерска техника и автоматика – 36
Техничар за индустриска мехатроника – 16
Машински техничар – 4
Машински техничар за моторни возила – 12
Техничар за возила на алтернативен погон – 3
Техничар за компјутерско управување – 14
Техничар за производно машинство – 15
Техничар за патен сообраќај – 25
Техничар за компјутерска нега и убавина – 24

Во Средното општински стручно училиште „Св. Кирил и Методиј“ – Охрид, на Конкурсот за запишување на ученици во прва година за учебната 2026/2027 година, во првиот рок запишани се вкупно 113 ученици. Најмногу има во смерот „Економски техничар“ (во соработка со компании) – 59 ученици, во смерот „Техничар за е-трговија и дигитален маркетинг“ се запишал 31 ученик, а во Медицинскиот смер – 23 ученици.

Останати се уште 21 слободно место. Интересот за нашето училиште е во ист тренд како и во претходните години и се надеваме на пополнување на преостанатите слободни места во второто пријавување, информираат од „Св. Кирил и Методиј“ – Охрид.

 

Најмалку запишани ученици во првиот уписен рок во општинските средни училишта во Охрид има во гимназијата „Св. Климент Охридски“ – 109.

Г.М.