Со „мало“ задоцнување, викендов, екипите на Македонија пат, со тешка механизација, го пробија патот до излетничкото место Корита на планината Галичица. На зимските убавини на Галичица најмногу им се израдуваа најмладите кои уживаа во снежната идила.

Според најавите, патот до ова излетничко место оваа зима требаше да се одржува редовно, додека останатиот дел од превојот преку Галичица и натаму е забранет за секоаков вид сообраќај до 15-ти март.


Младите охриѓанчиња им се радуваат на зимските убавини на Галичица

OhridNews