Филмот „Размена“ на режисерот Иво Трајков, деновиве се снима на локации во Охрид.
Актерската екипа вчера работеше со часови на сцени кои се збогатени со прекрасна панорама на Охрид и езерото од населбите на планината Галичица.
Станува збор за љубовна приказна која се работи по сценарио на Иво Трајков и Верица Недеска – Трајкова. Главните улоги ги толкуваат: Сашко Коцев, Верица Недеска – Трајкова и Викторија Мироваја од Русија. Помали улоги имаат и Петар Мирчевски и Ратка Радмановиќ.
Филмот ќе се снима шест дена во Охрид и еден во Скопје.