Голем број верници од Охрид и околните градови во текот на ноќта пристигнаа во манастирот Св. Наум каде денеска се одбележува празникот посветен на градителот и голем светител Св. Наум Охридски Чудотворец.


Верниците, стрпливо чекаа во долги колони за влез во манастирската црква за да запалат свеќа за здравје и да се поклонат пред гробот на Св. Наум за кој се верува дека има чудотворна моќ.


Меѓу верниците синоќа беше и градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески, кој беше гостин на свештенството од Дебарско – кичевската епархија.


Неизбежен празничен декор и оваа година беше панаѓурот на кој се продава разноразна стока, како и скарата иако празникот Св. Наум се паѓа во пости.


Неизбежниот празничен декор во Св. Наум

OhridNews
фото: Емилио