По катастрофалниот пожар кој до темели ги пеплоса конаците на манастирот Трескавец во близина на Прилеп, се уште се расчистуваат остатоците.
За среќа од огнената стихија беше спасена вредната црква во ова значајно духовно светилиште, а на монахот Калист кој е старешина на манастирот Трескавец на помош му дојдоа жителите на Прилеп и околината, планинари и други добронамерници кои со раце ги расчистуваат последиците од пожарот поради непристапниот терен.
Помош најавија и општината Прилеп и државата, а конечно ќе биде изграден и пристапен пат до манастирот, кој е еден од најзначајните во земјата.
фото:Емилио