Фудбалерите на Охрид 2004 ги започнаа подготовките за пролетниот дел од сезоната. Првата полусезона охриѓани ја завршија на 13-та позиција, затоа целта во втората полусезона е опстанок во Втората македонска фудбалска лига.
– Имаме доволно време да се подготвиме за почетокот на втората полусезона. Целта во пролетниот дел ќе ни биде обезбедување опстанок во Втората македонска фудбалска лига – велат од клубот Охрид 2004.
Во текот на подготовките ќе се формира стручниот штаб и ќе биде направен список на фудбалери кои ќе бидат потенцијални засилувања на “рибарите“.
Мх.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com