На последниот блинкер за оваа година што се одржа изминатиот викенд,  охриѓаните Зоран Рилковски Јон Чауле ја уловија најголемата белвица во Охридското Езеро, тешка 1 килограм и сто грама. Ваков „капиталец“, како што велат рекреативните риболовци, одамна не бил уловен во езерото. 


Зоран Рилкоски и Јон Чауле ја уловија најголемата белвица во Охридското Езеро

Блинкерот кој по 8 години се врати на Охридското Езеро предизвика голем интерес кај љубителите на риболовот во Охрид. Во Езерото повторно запловија познатите охридски тајфи, кои меѓусебно се натпреваруваа кој ќе има побогат риболов. Најумешни и најсреќни беа Рилко и Чауле, кои уловија повеќе парчиња белвица, меѓу кои и една од 1.1 килограм.


Со блинкерот се враќа и традицијата на Охридското Езеро

По давањето на Охридското Езеро под концесија, во август, на фирмата „Пастрмка 2012“ која ќе врши стопански риболов во идните шест години, рекреативните риболовци имаа можност да ловат риба со блинкер во пет термини во септември и октомври.

OhridNews