Ракометарите на Охрид 2011 ги финишираат подготовките за новата сезона во првата машка ракометна лига. Охриѓани успешно ја одработија првата фаза од подготовките која беше на физички план, сега на ред е втората фаза која се одвива со топка и се тренира в сала. Новата сезоната охриѓани ја отвараат на гостински терен кај познатиот противник екипата на Радовиш.


Мх.П.