Охридскиот хард-рок состав „The Backdoor Band“ вчера настапи во живо на камион, кој се движеше низ охридските улици.
Овој несекојдневен концерт кој традиционално по трет пат се одржа во Охрид, го привлече вниманието на охриѓани и бројните гости кои престојуваат на ривиерата.
Присутните имаа можност да уживаат не само во авторските песни на охридскиот рок кварет, туку и во безвременските хитови на „Дип Парпл“, „Лед Цепелин“, „Металика“ „Рејџ“ и други.
Главната „журка“ беше кај кружниот тек на градскиот плоштад, а покрај охридските хард-рокери настапија уште и Ѓоко Танески, односно Street Spirit.
Оваа година, „The Backdoor Band“ снимија три видео-записи за авторските песни “На задна врата” “Truck & Roll” и „Лоша Навика“, а низ земјава и соседна Србија успеаа да реализираат 100-тина настапи.
Инаку, бендот е формиран пред 3 години, а во истиот членуваат:Жарко Јакимоски – вокал, Лазе Фармакоски – гитара, Александар Марковиќ – бас гитара, Никола Колјушевски – тапани.
О.Т.