Премиерот на Русија, Владимир Путин беше специјален гостин на белградска Маракана на ревијалниот натпревар помеѓу надежите на Црвена Звезда и Зенит.

Пристигнувањето на Путин на “Маракана“ бурно беше поздравено од 25000 навивачи на Црвена Звезда, познати како “делије“. Натпреварот кој беше во втор план заврши без победник 1-1.


Путин кој стана почесен член на Црвена Звезда прими еден несекојдневен подарок дрес од златната генарација на Црвена Звезда која “жареже и палеше“ ширум светот.

Мх.П.