Изминатава седмица санирани се оштетувањата на „Мостот на желбите“, откако граѓаните на неколку наврати преку OhridNews реагираа за лошата состојба во која се наоѓа овој монтажен објект.

Често пати, овој објект која ги спојува плажите во наслебата Канео со остатокот од градот, е мета на несовесни поединци, кои со своето недолично однесување ја загрозуваат безбедноста на сите кои секојдневно поминуваат оттука.

„Мостот на желбите“ честа мета на несовени поединци

Инаку, „Мостот на желбите“ е подарок за Охрид од Велија Рамковски.

О.Т.