На денешната крводарителска акција што се одржува во организација на Црвен крст Охрид во Центарот за култура се бара кревет повеќе за да се дарува крв.

– Ги очекуваме хуманите охриѓани да се приклучат на крводарителската акција и ги покануваме на забава и дружба на платото пред Центарот за култура „Григор Прличев“. Акцијата ќе трае до 15 ч. кога ќе бидат извлекувани награди за крводарителите. – информираат од Црвениот крст.


Се бара кревет повеќе за да се дарува крв

OhridNews