Попладнево Охрид го зафати пороен дожд. Охриѓани и туристите спас од дождот побараа под стреите од објектите, а низ градот се создаде сообраќаен метеж.

Невремето траеше кратко, а на небото над Охрид повторно се појави сонце.

Според најавите на Управата за хидрометеоролошки работи, слично време не очекува и утре. Претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи, особено во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната дневна температура во Охрид ќе достигне до 28 степени Целзиусови.

OhridNews