Иако, популарната охридска плашица се уште не е влезена во каналот Студенчишта, пријатното есенско време, измами голем број спортски риболовци на оваа локација.


есен во каналот Студенчишта
Според „старите рибари“, во каналот во моментов, се ловат поголеми парчина на рибата „Грунец“. Оние најупорните, си одат дома и со по неколку килограми улов.


Каналот Студенчишта е најатрактивен за време на зимскиот период, кога „плашицата“ презимува на оваа локација. Тогаш, можат да се забележат стотици риболовци од Охрид и околината како уживаат во рекреативниот риболов, како и туристите кои престојуваат во градот во тој период од годината.


Инаку, за спортски риболов на Охридското Езеро, вклучувајќи го и каналот Студенчишта, рекреативните риболовци ќе мора да набават соодветни дозволи, кои се добиваат во просториите на концесионерот на Охридското Езеро „Пастрмка 2012“, во бараките на поранешен „Гранит“.

О.Т