Во текот на вчерашниот ден, се менуваше тротоарот на улицата крај Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ до општинската зграда.

На овој потег, тротоарот беше видно оштетен и пропаднат, а на граѓаните им претставуваше проблем за време на дождливите денови.

Како што не информираа работниците на терен, санацијата ја нарачала Локалната самоуправа.

О.Т.