Малиот канал покрај Билјанини извори интензивно се уредува. Со механизација се чисти и проширува коритото кое беше затрупано со земја и отпад. Во ова каналче зимава беше заробена поголема количина плашица, која поради недостиг на свежа вода и кислород угинуваше, а благодарение на акцијата на спортските риболовци и охридските јавни претпријатија беше спречена поголема еколошка катастрофа.


 Се уредува каналчето кај Билјанини извори

OhridNews
фото: Васко Бујароски