Пожар изби попладнево на планината Петрино на оддалеченост од 2,5 км од Националниот парк Галичица. Според првичните информации во пожарот е опфатена ниска вегетација на површина од околу 1000 метри квадаратни.


Од управата на НП Галилица, велат оти засега не постои опасност пожарот да зафати дел од паркот, а превентивно на местото на пожарот е испратена дежурна екипа, обучена за справување со шумски пожари.

Чадот од огнот кој се шири над планините Петрино и Галичица се забележува од центарот на градот.


Засега нема информации за причините за избувнувањето на пожарот, но не се исклучува можноста во прашање да е човечки фактор.

Ohridnews