При поголеми врнежи шахтите во населбата Воска не можат да ги прифатат дождовните води кои заедно со фекалиите наместо во колекторот се слеваат во езерото.Така беше и вчера во близина на стадионот Грашница. Матна вода од која се ширеше непријатна миризба истекуваше во езерото. Жителите на Воска со години алармираат на овој проблем, но надлежните институции сеуште го немаат решено.


Секој дожд иста слика

OhridNews