Пар лебеди и нивниот подмладок се нова атракција во Охридското Езеро. Штотуку испилените шест мали лебеди во друштво на своите родители можат да се забележат покрај самиот кеј.

Лебедите се гнездат во периодот април – мај, а овој пар успеа на свет да донесе шест млади, со што ќе се зголеми популацијата на црвеноклуниот лебед во Охридското Езеро, кој уште е познат и како нем лебед.

Охриѓани паметат дека пред десетина години популацијата на лебеди во Охридското Езеро беше многу побројна, но поради се поголемото влијание на човекот врз животната средина и загрозување на нивните природни живеалишта, овие птици мигрираат кон помирни места.

OhridNews