Пред 12 години менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер го одбил трансферот на Златан Ибрахимовиќ во редовите на “топџиите“ од шведскиот Малмо. Со овој потег Венгер ја направил можеби најголемата грешка во својата тренерска кариера.


Тогаш французинот инстистирал за трансфер на Френсис Џеферс, за него Арсенал “кеширал“ осум милиони евра. Малмо за “Ибракадабра“ барале три милиони евра што значело премногу за еден млад фудбалер. После толку години поминати Џеферс заврши во Малта, а Ибра со “маказито“ на Англија на врвот од светот.

Мх.П.