Две гајби со вкупно 48 пива, вчера беа доделени на најдобрата групна маска која продефилира во дискотеката Парк.

Охридските „Штрумфови“ со несекојдневната декорација и оригиналност, сосема заслужено се најдoa на подиумот, освојувајќи ги симпатиите на присутните.

Незаборавниот дочек на „Стара Нова Година“ беше надополнет со единствениот Никола Тодороски, кој со своето стенд-ап шоу се погрижи присутните да бидат насмеани до солзи.

OhridNews