Познатата шумска патека лоцирана непосредно над пресекот помеѓу улиците „Кочо Рацин“ и „Браќа Миладиновци“ со улицата „Кузман Капидан“ во стариот дел на Охрид, преку која можеше да се стигне до Манастирскиот комплекс „Плаошник“ повеќе не е во функција.

Градежните активности за возобновување на „Светклименовиот универзитет“ се главната причина поради која изминатите неколку месеци  приодот преку оваа шумска патека е затворен со лимени огради. Поради тоа охриѓани и туристите кои сакаат да го посетат комплексот „Плаошник“ ќе мораат да се упатат преку неговиот главен влез по улицата „Кузман Капидан“ или преку шумската патека над црквата „Свети Јован Канео“.

Дали затворената патека низ парк-шумата ќе продолжи да се користи откако ќе завршат гардежените работи, останува да видиме.

Е.М