Досега невиден скандал се случи во Копа Судамерикана. Во реванш натпреварот од  финалето екипата на Тигре одлучи да не го доигра второто полувреме против Сао Паоло.

На ваков потег аргентинската екипа се одлучила по големите притисоци кои ги имала во соблекувалните на полувремето. Од тимот на Тигре исткануваат дека непознати лица со пиштоли влегувале во соблекувалните и им се заканувале по живот ако го победат бразилскиот Сао Паоло.

На полувремето бразилскиот претставник имал предност 2-0 додека првиот натпревар одигран на теренот од екипата на Тигре заврши без голови и без победник 0-0.

После половина час чекање главниот судија означил крај на мечот и Сао Паоло на скандалозен начин стигна до титулата.

Мх.П.