Слаб снег вечерва провејува во Охрид. Нема снежна покривка, освен на места каде снегот малку се задржува, за да го доразубави прекрасно украсениот град.

Денеска ќе преовладува претежно облачно време, претпладне со локални врнежи претежно од снег. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Времето во сабота ќе биде облачно со магла по котлините и со слаб локален од дожд. Повеќе врнежи ќе има во ноќните часови. Минималната температура ќе се движи од 1°C до 5°C, а максимална од 3°C до 10°C.

Во недела претпладне се очекуваат повремени врнежи претежно од снег, во текот на денот времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 9°C, информира УХМР.

OhridNews