Револуционерното мото ,,Слобода или смрт”, различни недолични графити, чкртаници и имиња се испишани на двете информативни табли кои се поставени на почетокот од пешачката патека од ,,Горна Порта” до населбата „Кошишта“. Освен натписите, едната од таблите на која е испишано името на инвеститорот е целосно изгребана со остар предмет и искривена.


Минувачите кои ги затекнавме во мометот кога ја фотографиравме состојбата на информативните табли коментираа дека со ваков вандализам на поединци, се остава негативен впечаток кај  туристите кои секојдневно поминуваат во овој дел на градот.

Инаку пешачката патека која ги поврзува населбите  „Кошишта“ и „Варош“, беше пуштена во употреба во 2009 година, со цел да  го олесни движењето на населението од овој дел на градот.

OhridNews