Охридските ракометни “гладијатори“ излегоа на снегот да ги финишираат подоготвките за стартот на пролетниот дел од сезоната. Охриѓани под водство на тренерот Андоновски го одржаа својот “редовен“ тренинг на пет степни под нулата.
– Слободно можам да кажам дека за нас преставува огромно задоволство што имаме можност да работие со Горан Андоновски кој е еден од надобрите кондициони тренери во Македонија. Со овој трениг го завршивме првиот дел и од понеделник се враќаме в сала каде ќе продолжиме да се подготвуваме на техничко тактички план – вели најдобриот стрелец во тимот Трифуноски.
Стартот на ракометната лига е на 4 март, а претходно “гладијаторите“ ќе се судрат со стругжани во купот.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com