Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ во старата охридска чаршија поставија цветни саксии со бели висечки петунии на канделабрите.
Како што информираат од претпријатието, по две саксии се поставени на сите канделабри на потегот од градската фонтана до чајџилниците на улицата „Гоце Делчев“, односно до крстосницата кај „Охридска банка“.
Оттаму велат дека нови цветни насади со сардели, денес биле засадени и во парковите околу пристаништето.
OhridNews