Со традиционалниот детски маскенбал „Емшири 2026” кој се одржа на спортското игралиште „Тодор Александров” беше одбележан празникот Прочка во Велгошти.

Младите емширчиња со креативни маски инспирирани од нивната фантазија и омилените детски јунаци, продефилираа низ улиците на Велгошти.

На настанот присуствуваше градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, а беа обезбедени симболични подароци за сите маскирани дечиња (емширчиња) кои им беа поделени од страна на градоначалникот, претседателот на МЗ Велгошти, Кире Пердулоски, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божновски и советникот Лазе Шапкароски.

Ми беше особено задоволство да бидам дел од прекрасниот маскенбал „Емшири 2026“ во Велгошти, по повод големиот верски празник Велики Поклади – Прочка. Дечињата со своите разнобојни и креативни маски донесоа насмевки и вистинска празнична атмосфера. За сите учесници на маскенбалот Општина Охрид обезбеди пригодни подароци. Со искрени желби за здравје, меѓусебно почитување, прошка и духовен мир, на сите граѓани им го честитам празникот Велики Поклади – Прочка. Нека овој празник не потсети дека заедништвото, љубовта и семејната топлина се најголемите вредности што треба да ги негуваме секој ден. Нека е за многу години!, вели градоначалникот Пецаков.

Организатор на маскенбалот е М.З. на с.Велгошти, а истиот е финансиски поддржан од Општина Охрид.

Фото галерија:

Со детски маскенбал традиционално одбележана Прочка во Велгошти

OhridNews