Ги фрлија високо капите и и’ кажаа збогум на гимназијата. Ведри и расположени матурантите од ОСУ „Св. Климент Охридски“ вечерва ги добија дипломите за завршено средно образование и тргнуваат во остварување на своите амбиции.

На остварениот успех им честитаа градоначалникот Никола Бакрачески и директорот на гимназијата Звонко Трпески, посакувајќи им остварување на нивните животни желби.

На свеченоста на најдобрите ученици им беа доделени признанија, а за атмосферата се погрижија генерацискиот бенд и хорот на гимназијата.

Честито!


Завршија гимназиските денови за генерацијата 2017 

А.М.