Охрид се разбуди од долгиот зимски сон. Сончевото време измами многумина саботниот ден да го минат во прошетка на отворено. На градскиот кеј луѓето едвај се разминуваа, а преполни беа и отворените тераси, но и клупите и тревниците по парковите.
Во убавото време ќе може да уживаме и денеска. Според најавите на метеоролозите во недела ќе преовладува сончево време, со умерена облачност и максималната температура до 11 степени Целзиусови.
Сонцето ги извади охриѓани од дома