Вчера во 7. 32 часот по локално време, жителите на Јапонија можеа да видат спектакуларно соларно затемнување.


Поклопувањето на Месечината и Сонцето траеше околу 3 часа, а кулминацијата која уште се нарекува “Ring of Fire”траеше 5 минути. Затемнувањето покрај во Азија можеше да се види и од делови на Северна Америка.


Последен пат целосно затемнување на сонцето во Јапонија имало пред 932 години. Природниот феномен го следеа дури 80 отсто од жителите во земјата на изгрејсонцето.


Соларното затемнување ја раздвижи и јапонската економија која инкасирала околу 200 милиони евра од организирани тури и продажба на очила за следење на небесниот спектакл.

Од Токио за OhridNews
Адријан Битрак