“Главниот“ терен на спортско рекреативниот центар “Билјанини Извори“ преовладуваше со спортска атмосфера на стартот од Детската фудбалска лига во југозападниот регион од државата.

Во првата рунда “домаќин“ на сите екипи беше Охрид 10 Јуниор, а натпреварите во трите категории поминаа во фер плеј игра и многу голови.


– Задоволен сум од одзивот на дечињата, заинтересираноста е голема. Јасс лично сум многу среќен кога гледам волкав број на дечиња како среќно играат фудбал и меѓу нив владее другарство и позитивна енергија –
рече координаторот на Детската фудбалска лига, Наум Јанкуловски.

Покрај дечињата кои половично го исполнија стадионот, заинтересираноста беше голема и кај родителите кои одвоија време да ги проследат нивните фудбалски натпревари.

Мх.П.