Спортските риболовци го запоседнаа каналот Студенчишта. Здружението риболовци од Охрид, “Свети Стефан“ организираше ревијален натпревар во дисциплината “пливка“. Натпреварот се одржа согласно Правилата  за натпревари во спортски риболов на Република Македонија,  пропишани од националната риболовна федерација. Приборот за риболов беше по слободен избор, а улов беше дозволен на сите видови риби.

Мх.П.