И покрај бројните акции на надлежните институции за подигнување на отпадот, сепак поединци и натаму истиот го одлагаат на несоодветни локации. Залудно се апелите на екологистите и граѓаните, кои предурпедуваат дека во охридскиот регион секојдневно никнуваат нови депонии.
За лошите навики на несовесни поединци сведочи грдата слика на стариот пат од Струга до Охрид, во близина на реката „Сатеска“, па се до самиот влез на градот.
На оваа локација, може да се забележи најразличен цврст и тешко разградлив отпад, како и поголеми количини градежен шут, кои се забележливи долж целата сообраќајница.
O.T.











